Thursday, July 8, 2010

Си играш секој ден...



СИ ИГРАШ СЕКОЈ ДЕН


Си играш секој ден со светлината на вселената.
Нежна гостинко, стасуваш низ цветот и водата.
И не си само таа бела глава што ја стегам
како грозд секој ден меѓу моите раце.

И на никој не прилегаш откога те сакам.
Допушти да те постелам меѓу жолтите венци.
Кој го запишал твоето име со букви од чад меѓу јужните ѕвезди?
Пушти ме да се сетам што си била кога уште не постоеше.

Изненаден ветар завива и чука на мојот затворен прозорец.
Небото е собрана мрежа со сенести риби.
Тука доаѓаат сите ветрови, сите.
Дождот се соблекува.

Птиците минуваат, бегајќи.
Ветар. Ветар.
Можам да се борам сам против силата на луѓето.
Луњата ги вее темните лисја
и ги одврзува ноќва сите чунови врзани за небото.

Ти си тука. Ох, не заминувај.
Ќе ми одговориш до последниот крик.
Свиткана до мене како да се плашиш.
Видливо е дека една чудна сенка понекогаш претрчува врз твоите очи.

Сега, сега исто така, малечка, ти ми ги носиш орловите нокти
и градите ти се мирисни како и тие.
Додека тажниот ветар лета убивајќи ги пеперугите
јас те сакам и мојата радост ја гризе твојата уста што е како слива.

Колку беше болно да те свикнам на мене,
на мојата душа осамена и дива, на моето име што сите го гонат.
Гледавме често како гори ѕвездата бакнувајќи си ги очите
и под нашите глави како се шири самракот како ладало што мавта.

Моите зборови врнеа врз тебе милувајќи те.
Одамна го сакав твоето тело од исончан седеф.
Јас верувам дури дека ти си кралица на вселената.
Ќе ти донесам радосни цвеќиња од планината, копиуе,
темни лешници и шумски кошници со бакнежи.

Би сакал да ти го направам тебе
она што пролетта го прави со црешите.


Пабло Неруда



Saturday, May 22, 2010

Контаминирање на мојот свет!

Кој го прави? Зошто? Очигледно ужива во тоа.

Епа вака... Мојот свет е контаминиран од сите тие турбофолкерки, со лошо бојадисана руса коса, изгорена, налик на метла, со деколте до папокот, вештачки трепки и кич шминка и гардероба. Да, контаминиран е и од страна на монотоноста во животите на неуспешните ликови околу мене, кои истата монотоност ми ја наметнуваат, се со цел да имат со што да се тешат кога ќе си помислат: -Што направив сега?
Контаминиран е и од страна на досадни, намќурести луѓе, кои патат од да-видам-што-се-случива циндром. Ми пречат и луѓе со големо его, непријатни ни за слушање, ни за гледање, нивната појава, стас и глас. Ми пречат и ефтини девојки, со (многупати сум го кажала, пак ќе го кажам) изгубен смисол за музика, уметност, мода, стил, комуникација, без интелект, смисол за хумор, облечени како да одат на најлошата турбофолк забава, во ефтини хеланки и суќни, дигајќи раце на Аца Лукас. Жал ми е за таквите. Себеси се нарекуваат “пички“. И мислат дека со тоа се нешто посебно јаки девојки. А не се. Вокабуларот им се состои од неколку збора, кои константно ги повторуваат. Искачаат навечер да муваат по секоја цена, ко тоа да им е единствена преокупација во животот. А љубов? Ма, што е тоа? А, да.... тоа беше тоа чувство на еуфоричност, параноја, среќа, задоволство, љубомора... се во едно. Е, тоа им фали. Кога ќе го добијат истото? Тогаш кога нема да се палат на мамини синчиња, што се лупаат по гради, се возат во скапи мерцедеси со парите на татковците и се пијанчат секоја вечер по дискотеките.

Friday, May 21, 2010

Светот во кој живеам.


Светот во кој живеам е составен од прости материи и луѓе, проследен со нивните прости дела и постапки. Во обидот да се афирмираат и пронајдат во овој свет, не ретко се губат себеси во нивните неограничени желби и идеали, кои само предизвикуваат хаос во нивните, а и во животите на луѓето околку нив. Лутајќи кон веќе зацртаната цел, забораваат на моралните вредности, љубовта, чесноста, а се што им е важно се парите, тие хартии кои со потпис на гувенерот стануваат нешта кои буквално го вртат светот. Нај ироничното е во сите тие ситуации е тоа што кога ќе се здобијат со таа таканаречена “дебела пара“, се осврнуваат кон другите делови од животот, но тие сосема очекувано се ставени во втор план, нема време ни место за љубов. Тоа фрустрира на моменти, но на моменти и не е така лошо.
Како што рекле старите: Од љубов не се живее.
Не, не се живее, ама што ќе ти е животот без емоции и чувства... Сигурно нејќеш да бидеш само билка.

Sunday, May 16, 2010

Ништо посебно


Чудно ама баш и реално е како може за 5 минути, животот да ти се смени. Како може толку брзо да изгубиш некој толку драг, мил, топол човек, кој те израснал, кој ти ги кажувал и најпоучните и најглупите и на излажираните приказни и стории, колку само брзо да те заспие... кој те поддржувал во се што си правел, во се што си мислел дека ќе успееш, кој ти давал совети и критики, кој те бодрел во најтешки моменти, кој секогаш бил на твоја страна, макар и да не си во право... тој човек кој прв ти рекол:
- малце повеќе треба да внимаваш на текстурата! ...
човек кој те научил да танцуваш валцер, за еден ден “дечковците со тебе да сакаат да играат“, човекот кој ти викал дека си најубава на свет и внатрешно и надворешно, кој ти викал дека од сите внуки ти си му најпосебна бидејќи си прво дете во фамилија, дека за него си совршена, дека премногу те сака. Тешко е. И не ми е гајле, ама баш ич не ме боли дали некој ме гледа док плачам, ич не ми е гајле, кога он не е тука...
Можда не требаше вака да искочи... или требаше? Небитно...
Тоа е. Само едно не ми е јасно... зошто кога знаев дека набргу вакво нешто ќе се случи... зошто боли толку?

I'll never figure that out...

Monday, May 10, 2010

Не е битно.


Честопати се наоѓам во ситуација во која не знам да изреагирам правилно.
На пример, ќе каже некој глупа шала, ќе се насмее, а јас наместо да го преќутам тоа или едноставно да го ставам на “ignore“ дебилски ќе се насмеам, колку само да пројде “шалата“ надевајќи се дека нема пак такво нешто да трсне, или евентуално во најдобар можен случај било што да каже.