Saturday, May 22, 2010

Контаминирање на мојот свет!

Кој го прави? Зошто? Очигледно ужива во тоа.

Епа вака... Мојот свет е контаминиран од сите тие турбофолкерки, со лошо бојадисана руса коса, изгорена, налик на метла, со деколте до папокот, вештачки трепки и кич шминка и гардероба. Да, контаминиран е и од страна на монотоноста во животите на неуспешните ликови околу мене, кои истата монотоност ми ја наметнуваат, се со цел да имат со што да се тешат кога ќе си помислат: -Што направив сега?
Контаминиран е и од страна на досадни, намќурести луѓе, кои патат од да-видам-што-се-случива циндром. Ми пречат и луѓе со големо его, непријатни ни за слушање, ни за гледање, нивната појава, стас и глас. Ми пречат и ефтини девојки, со (многупати сум го кажала, пак ќе го кажам) изгубен смисол за музика, уметност, мода, стил, комуникација, без интелект, смисол за хумор, облечени како да одат на најлошата турбофолк забава, во ефтини хеланки и суќни, дигајќи раце на Аца Лукас. Жал ми е за таквите. Себеси се нарекуваат “пички“. И мислат дека со тоа се нешто посебно јаки девојки. А не се. Вокабуларот им се состои од неколку збора, кои константно ги повторуваат. Искачаат навечер да муваат по секоја цена, ко тоа да им е единствена преокупација во животот. А љубов? Ма, што е тоа? А, да.... тоа беше тоа чувство на еуфоричност, параноја, среќа, задоволство, љубомора... се во едно. Е, тоа им фали. Кога ќе го добијат истото? Тогаш кога нема да се палат на мамини синчиња, што се лупаат по гради, се возат во скапи мерцедеси со парите на татковците и се пијанчат секоја вечер по дискотеките.

No comments:

Post a Comment